The New York Times: Трамп посочи каква надворешна политика ќе води спрема Блискиот Исток и Русија

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп откри некои најосновните детали за тоа каква надворешна политика ќе води спрема Блискиот Исток и Руската Федерација, пишува весникот The New York Times, за кој милијардерот даде интервју.

tramp-1-1200x545_c

Трамп изјави дека САД не треба да гради нации, повторувајќи ја својата идеја од претседателската кампања дека американското учество во војната во Ирак е “една од најголемите грешки во историјата на нашата земја”.
Новоизбраниот претседател додаде дека има некои “многу одредени” и “силни идеи” за тоа како да се справи со граѓанската војна во Сирија. Трамп одби да именува конкретно какви се неговите идеи.

Победничкиот кандидат на Републиканската партија исто така, објави дека по победата разговарал со претседателот на Русија Владимир Путин, но повторно одби да даде детали. Трамп сепак коментира дека би било “убаво”, ако тој и Путин успеат да се разберат, но негираше дека што и да е затоплување на односите меѓу Москва и Вашингтон би било “ресетирање” на односите.

Слични содржини