„The Rock“ со сопствена марка текила

од Vladimir Zorba

Актер Двејн Џонсон, познат како „The Rock“, им намера да пушти во продажба свој бренд текила, пријави Контакт мјузик. 45-годишниот Џонсон никогаш не криел дека е фан на мексиканскиот алкохолен пијалок.

Според негови зборови, текилата била единствениот алкохол кој тој го консумира. Дури и кога тренирал за да влезе во форма, пред да ја исполни главната улога во „Херкулес“, Двејн не пропуштал можност да испие по некоја чашка од својот омилен пијалок.

„За да се подготвам пред камерите како полубог, беше потребна некоја чашка текила!“, се доверува „The Rock“.

Но тој преферирал да пие на бавни голтки, а не на екс, како што го прават студентите.

„Мана“, како ќе се вика брендотпијалок, е полинезиски збор за „дух“, потсетува сајтот.

Слични содржини