Можно ли е Баба Ванѓа, за која има информации дека ги предрекла нападите на 11 септември, катастрофата со цунами во 2004 година и бегалската криза, да го видела во иднината и излегувањето на Велика Британија од ЕУ?

Ова прашање го поставува британскиот таблоид “Сан” по историското гласање на Британците.

Изданието ја нарекува пророчицата, која почина во 1996 година – Балканскиот Нострадамус.

Според баба Ванѓа Европа ќе престане да постои до крајот на 2016 година, пишува “Сан” и додава дека според пророчицата континентот ќе се испразни и ќе се претвори во пустош, лишена од речиси било каква форма на живот.

Верници во предвидувањата на Ванѓа се загрижени дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да биде повод за војна на континентот, информира весникот.
Таблоидот потсетува дека пред својата смрт пророчицата предвидела голема исламска војна, што може да се поврзе со терористичките напади и закани од страна на групата “Исламска држава”.

Членови на социјалната мрежа “Твитер” исто ја поврзаа бугарската пророчица со Брекзит.

Дел од коментарите на корисниците се:

Изгледа предвидувањата на баба Ванѓа се вистина, Брекзит е првиот чекор кон распадот на Европа.

Друг корисник пишува:

Има некоја вистина во предвидување на Ванѓа дека во 2016 година ЕУ ќе се распадне.

Ова не е прв пат кога странските медиуми ја поврзуваат Ванѓа со светските настани.

Пред еден месец турскиот весник “Милијет” напиша дека Ванѓа предрекла дека во 2016 година не чека муслиманска инвазија и освојување на Европа, распадот на ЕУ и истерувањето на Европејците од континентот. Материјалот “Девет бегалски кризи и пророштвата на Ванѓа” на Исмаил Сахин е базиран на документите собрани од руската тајна служба №10003.

Баба Ванѓа е родена Струмичанка која живеела во Бугарија,

Слични содржини