The Times: Се продаваат е-мејл адреси и лозинки на британски политичари

од Vladimir Zorba

Он лајн трговија на руски хакери Лондон

Мејл адреси и лозинки на британски министри, амбасадори и високи полициски функционери, се тргува онлајн од руски хакери, објави  The Times. Весникот цитира две обемни листи со неовластени лични податоци за десетици илјади државни службеници од Велика Британија, вклучувајќи го и  министерот за образование Џастин Гријндинг и министерот за економија и бизнис Грег Кларк. Листите со пробиени податоци вклучуваат лични информации од пошта на над илјада британски пратеници и парламентарни соработници, повеќе од седум илјади високи полициски службеници и над илјада лица од Министерството за надворешни работи.

Слични содржини