Тие ја докажаа релативноста на времето

од Vladimir Zorba

Теоријата на релативитетот, предложена од Алберт Ајнштајн, експериментално ја докажале научниците.

Пред речиси еден век, генијалниот физичар процени дека секундите се движат побрзо со одалечувањето од површината на Земјата.

Со помош на најточниот часовник во светот, научниците од Болдер, Технолошкиот институт во Колорадо, докажаа дека ова е вистина – дури и во малите скали што ги живееме секој ден, објави FoxNews.

Оптичкиот атомски часовник, развиен во Колорадо, работи со ласери прилагодени на фреквенциите на вибрации на еден алуминиумски атом. Отчукува над квадрилион пати во секунда. Прецизноста на часовникот овозможува отстапување од една секунда од 3,7 милијарди години.

“Претходната генерација на атомски часовници не можеше да ги измери малите разлики што ги видовме”, рече менаџерот на експериментот.

Со помош на овој прекрасен уред, Чен-Вен Чу и неговите колеги го мереа отстапувањето на времето на мали, секојдневни растојанија. Прво го ставија на маса и го подигнаа половина метар над земјата. По некое време, тие забележаа дека часовникот на масата е малку побрз од близнакот лево псотавен подот.

Во согласност со теоријата на Ајнштајн, големите објекти со силна гравитација како Земјата ја деформираат структурата на времето и просторот. Колку сме поблизу до овие објекти, толку побавно се движи времето. Ако еден ден можеме да видиме како часовникот паѓа во црна дупка, ќе забележиме како нејзините стрелки постепено се забавуваат со зголемување на гравитацијата додека не застанат целосно.

Слични содржини