Тикови кај децата

од Vladimir Zorba

Почести се кај момчињата, а ги предизвикуваат јака возбуда и стрес. Ако детето не е свесно за својот тик, не смеете да го прекорувате ниту да го опоменувате. Обидете се да бидете што посмирени. Помогнете му со опуштачки методи. Тие најчесто брзо минуваат.

Тиковите се брзи движења на делови од телото или група мускули кои се појавуваат, а заедниќчка карактеристика им е што се јавуваат независно од волјата и детето не може да ги спречи.Тиковите можат да бидат моторички (забрзано замижување, мрдање со вратот) или вокални(поткашлување, чистење на грлото, шмркање…). Моторичките тикови најчесто се појавуваат на лицето, главата, рацете или прстите. Можат да бидат хронични и минливи, а се појавуваат со благ интензитет па се до Тоуретовиот синдром . Минливите тикови се јавуваат повеќе пати во текот на најмалце месец дена, но периодот во кој тиковите се присутни не трае подолго од година, за разлика од хроничните тикови кои траат подолго од 12 месеци. Обично се јавуваат во облик на подзамижување, гримаси или нагли движења на главата.Можат да се појават како изолиран случај, но понекогаш траат повеќе месеци- објаснува проф. Логопед Наташа Шуњиќ додавајќи дека потиснувањето доведува до напнатост која попушта со извршувањето и исчезнуваат во сон.

Минливите тикови често се јавуваат поради стрес па состојбатана голема напнатост или возбуда ги влошува.Така тие можат да се појавуваат по тргнувањето во градинка или училиште, поради селење, но и во други ситуации кои кај детето предизвикуваат чувство на вознемиреност како што се караниците или разводот на родителите. Некои од тиковите можат да се влошат во ситуации во кои детето се чувствува под стрес(иако стресот го предизвикал  позитивен настан)мачно, нервозно или уморно.Како што објаснува Шуњиќ кај тиковите е важно родителите и детето да не го предупредуваат детето на тикот и да не му зборуваат „не го прави тоа„ или „престани да мижуркаш„. Се додека детето не е свесно дека има тик, објаснува Шуњиќ не смее да се предупредува посебно на тоа. Ако детето потешко функционира поради него или отежнато комуницира, потребно е да се побара стручна помош, независно од должината на траењето на тикот.Тиковите врзани со говорните пореметувања се решаваат кај логопедот, додека за другите видови треба да се побара помош на педијатарот, психологот, а по потреба и неурологот. Иако не постои лек за ова пореметување, на детето му е потребна силна емоционална поддршка од родителите, но и од вработените во градинките или училиштето. Постојат неколку работи кои можат да го олеснат проблемот. Терапија со игра, вежби на дишење и релаксација, акупунктура или бихевиоралната терапија можат да дадат добри резултати. Длабокото и мирно дишење од стомак помага да се смири целото тело.Опуштената состојба која детето ја поврзува со пријатни мисли ќе придонесе за намалување на интензитетот на тиковите. Бихевиоралната терапија се темели на запазување дека на тиковите им претходат несакани чувства кои со нив се ослободуваат. Пациентот се учи да го препознае предзнакот дека тикот се приближува па да ги направи постапките кои спречуваат да се појави тикот, се додека несаканото чувство не помине.Истражувачите од Универзитетот УКЛА во САД велат дека бележат голем успех кај пациентите. Тиковите можат да настанат од различни состојби, пореметувања и ситуации. Причините за настанување на тиковите можат да бидат идиопатски(акутни минливи, мултипли тикови од детството кои остануваат подолго, Тоуретовиот синдром), секундарни (трауми на главата, труење со јаглен – моноксид, ментална ретардација, лекови…) и сродни пореметувања(маниризми и стереотипии, хиперактивност, конвулзии, претерани реакции). Кај школските деца се појавуваат од 4 до 24 %, значително се почести кај момчињата и се јавуваат најчесто во доба од 4 до 5 години, вели логопетката Шуњиќ. Терапијата со игра ги учи децата како полесно да се носат со проблемите. Терапијата со игра е метода која ја спроведуваат едуцирани терапевти. Им помага на родителите подобро да го запознаат детето, а децата полесно се носат со тешките животни ситуации па се учат да искажуваат лутина , тага , фрустрации, анксиозност, како и позитивни емоции. Во текот на процесот детето бира објекти, симболи и тип на игра по пат кој изразува внатрешна напнатост и конфликти. Помага на развојот на стратегија на однесување, нови решенија за проблемите со кои се соочуваат, самопочит и прифаќање на себе и другите.

С.В.

Слични содржини