Тиквички на грил со кашкавал

од desk3

Ако сеуште не сте се одлучиле што ќе готвите за вечера, испробајте го овој летен предлог со тиквички.

Потребни производи:

3 тиквички
3 печени црвени пиперки
100 г кашкавал
1 супена лажица доматен концентрат
2 јајца
4 супени лажици маслиново масло
1/4 магдонос
200 гр јогурт
сол и бибер по вкус

Начин на приготвување:

Тиквички се сечат на кругчиња намачкани со половина од маслиновото масло, посолете ги со сол и црн пипер и испечете ги во грил тава. Пиперките се чистат од семки и се сечат на парчиња. Кашкавалот се сецка, а магданосот се ситне. Јајцата се матат. Истурете го млекото и јајцата и повторно се додава доматен концентрат. Се става кашкавалот и магдоносот, солта и црниот пипер. Во млечната смеса ставете ги тиквичките и пиперките. Печете во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

Слични содржини