Тимошенко: На Украина ѝ се закануваат санкции поради Северна Кореја

од desk2

На Украина ѝ се закануваат „санкции и катастрофа“ доколку се потврдат информациите дека Киев ѝ испорачал оружје и воена технологија на Северна Кореја, оценила лидерката на опозициската партија „Отаџбина“,Јулија Тимошенко.


„Ако биде потврдена информацијата, Украина може да биде под санкции, што значи дека ќе остане без помош од цивилизацискиот свет. Тоа е катастрофа за нашата држава“, напиша на својата фејсбук-страница Тимошенко, пренесува „Спутник“.

Инаку, се појавија информации дека Северна Кореја набавила ракетни мотори од Украина со кои ги извршила претходните тестирања на балистички ракети. Според јужнокорејските експерти, Северна Кореја сè уште не го достигнала тоа технолошко ниво за сама да изработи такви ракетни мотори.

Слични содржини