Тимот на Јанева на средба со германските директорите на Телеком, бара докази за „бомбите„

од Vladimir Zorba

Тимот на Катица Јанева во текот на наредниве денови ќе има работна средба со претставници на еден мобилен оператор во земјава, потврдуваат од Специјалното јавно обвинителство за Телевизија 24.

Од таму не соопштуваат со кого ќе биде средбата и како е договорена, но наведуваат дека по истата јавноста ќе биде информирана за исходот од неа.

СЈО не го наведува ниту името на мобилниот оператор со чии претставници ќе има средба, но според последниот шестмесечен извештај за работата на СЈО, се претпоставува дека станува збор за Македонски Телеком – операторот за кој Кривичниот суд не издаде налози за претрес поврзани со истрагата за случајот „Таргет“.

Според неофицијални информации – најверојтано средбата ќе биде со странските претставници во Телеком, бидејќи поголемиот дел од одборот на директори од земјава или одбивале соработка или се дел од други истраги на СЈО.

Целиот текст можете да го направите тука

Слични содржини