Тимот на Трамп отвори нов веб сајт и налог на Твитер

од Vladimir Zorba

Тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп отвори нов веб сајт и налог на Твитер додека републиканскиот политичар се подготвува да ја преземе должноста.

02-sto-ako-tramp-ne-go-prifati-rezultatot

Посетителите на greatagain.gov можат да најдат информации за политиката на Трамп, како и податоци од неговата биографија. Веб сајтот, исто така, вклучува и повик во кој се бара пополнување на 4.000 слободни места за претседателскиот тим, но не содржи инструкции за пријавување на тие позиции.

Твитер налогот на „транзицискиот“ тим, @transition2017, го постави вчера првиот твит: „Работејќи заедно ние почнуваме итна задача за јакнење на нашата земја и обновување на американскиот сон“.

Тимот на Трамп е предводен од гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.

Слични содржини