Тинејџер осуден за упад во телефони и имејлови на американски официјални лица

од desk4

  Британскиот тинејџер Кајн Гембл (18) е осуден на две години казна во поправен дом поради компромитирање на имејловите и телефонски броеви на високи американски официјални претставници, што судот го окарактеризира како дело „кибер-тероризам”.

Обвинителите наведоа дека  Гембл во текот на 2015 и 2016 година, ги измамил телефонските центри за да му откријат информации со помош на кои влегол во налогот на тогашниот заменик-директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Марк Џулијан, тогашниот министер за внатрешна безбедност на САД, Џеј Џонсон, тогашниот шеф на американската разузнавачка служба ЦИА Џон Бренан и други официјални претставници.

Гембл, кој припаѓа на групата хакери „Кракс вит атитуд”, објавил на Интернет некои од информациите, наведоа обвинителите.

Тој минатата година се изјасни за виновен.  Кривичен суд во Лондон  денеска го осуди да служи казна во поправен дом.

Слични содржини