Тинејџерка пронајдена мртва без дланки, нашла такси, се јавила на мајка и, но не стигнала дома

од desk2

 

Студентката Ангелина Литвиненко (18) најдена е мртва со отсечени дланки во Сибир откако влегла во автомобил на поранешен осуденик за убиство, чиј оглас го нашла на популарна апликација за делење превоз БлаБлаКар.

Руската полиција објави фотографија од сопственикот на возилото Н.В. Лебедев (47), кој бил осуден за двојно убиство, но и ослободен по 15 години робија.

Лебедев, во меѓувреме, повикал полиција. Рекол дека не ја убил тинејџерката и дека ќе поднесе соодветни докази, јавија медиумите. Но, во бегство е и во Сибир трае голема потера по него.

Девојката влегла во неговиот авотомобил за да се одвезе до селото Краснотуранск, оддалечено 120 километри, каде и живеат родителите. На мајка и и се јавила по пат, но никогаш не стигнала дома.

Телото на тинејџерката без дланки најдено е на 13 март на 2,5 километри од Краснотуранск, ден по пријавата од нејзините родители дека исчезнала.

Слични содржини