До раните утрински часови  траеше  распитот во Основниот суд Скопје 1 на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец – Едмонд Темелко. Судските простории прв ги напушти Темелко, кој не даде изјава за медумите, а половина час подоцна, со истото возило, кое немаше полициски ознаки, е  пренесен и екс-министерот Јанакиески игнорирајќи ги новинарските прашања.Некои медиуми тврдат дека сите биле на распит во текот на ноќта  Mile

Иако никој ниту потврдува, ниту демантира, се посочува дека на распит ноќеска биле и Гордана Јанкуловска и секретарот на Владата Кирил Божиновски.

Двајцата и Јанакиевски се осомничени за формирање на злосторничко здружение за добивање избори на криминален начин и останување на власт на ВМРО ДПМНЕ. Во групата обвинети се  и  началници на полициски станици, судии на Управен суд, членови на ДИК, нотари.

Познато е дека  Јанакиески давал исказ пред судијакта Славица Андреевска која ја води истрагата.миле цека

Според неофицијалните информации сите осумина за кои Специјалното јавно обвинителство побара притвор биле  во Кривичниот совет, но новинарите ги веделе сама Јанакиевски и Темелко

Според процедурата Судот до денеска   се очекува да ја донесе одлуката за притвор, а за судиите доколку се повикаат на имунитет треба да заседава Судскиот совет и да одобри симнување на имунитетот.sud-610x400

Претходно пред новинарите, кратка изјава дал  претседателот на Основниот суд – Владимир Панчевски, кој рекол дека тој случајно бил во Судот , имал други обврски во својата канцеларија и немал информации како се одвивал распитот, бидејќи тоа било работа на судијата.

Во однос на тоа каква е одлуката на судијата , адвокатот на одбраната Никола Додовски, познат како личен адвокат на Никола Груевски ,  по напуштањето на судот рекол  дека информации за одлуката каква мерка ќе преземе судот ќе има во текот на денешниот ден.

Судските распити за Јанакиески и Темелко следува откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим вчера побараа притвор за осум лица и итно приведување на еден од нив поради изборна криминализација во рамките на првата акција на Специјалното обвинителство, наречена „Титаник“.

(ВИДЕО) Како се краделе изборите: Детали за акцијата „Титаник“

Слични содржини