Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“.

12736372_1232161833479983_246200239_n1

Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови кои содржат процедура по следнава шема:

барање за притвор ⇒ распит ⇒ одлука на судија ⇒ жалба на СЈО или на адвокатите ⇒ одлука на Совет на судии ⇒ жалба на СЈО или на адвокатите ⇒ одлука на Апелациски суд. 

Судија на претходна постапка, по неколкучасовен распит, вчера одлучи да го одбие барањето на СЈО и да не им одреди притвор на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски. Идентична беше одлуката на судот и за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и за градоначалникот на општината Пустец, Едмонд Темелко, а притвор нема и за уште пет осомничени во првата акција на Катица Јанева.

Специјалната обвинителка и нејзиниот тим веќе поднесоа жалби на одлуките за Јанакиески и за Темелко, а извесно е дека оваа правна можност СЈО ќе ја искрости и за Јанкулоска и за Божиновски и ќе бара од судот да ги преиспита одлуките на судијата на претходна постапка.

Закажан нов конгрес на ДПМНЕ, Груевски и Извршниот комитет поднесуваат оставки?

Специјалното обвинителство, иако уште во саботата ги достави жалбите, од судот за „Мета“ велат дека сè уште не биле исполнети условите Советот да закаже седница на која ќе се одлучува по нив.

Како што дознаваме, судијата на претходна постапка вчераутро ги испратил жалбите на Специјалното обвинителство до адвокатите на Јанакиески и на Темелко и на двете лица кои беа на распит во петокот минатата недела.

Од судот велат дека кога судот ќе добие потврда и одговор од адвокатите, како спротивствена страна, дека ги примиле жалбите, ќе бидат исполнети условите Советот составен од три члена да закаже седница на која ќе ги разгледа жалбите и во рок од 48 часа ќе донесе одлука по нив, односно дали ќе одреди притвор или ќе го потврди решението на судијата.

Како што дознава „Мета“ од извори во судот, жалба поднеле и адвокатите на Едмонд Темелко, кому наместо притвор му беше одредена мерка да се јавува во судот во Ресен.

И за него сега важи истата процедура, само во обратен правец, односно жалбата на неговите адвокати е испратена до СЈО, кое треба да достави одговор до Кривичниот суд.

Доколку СЈО поднесе жалби на одлуката да не им се одреди притвор на Јанкулоска и на Божиновски, судот ќе ја тера истата процедура, која може да трае и една до две недели.

Специјалното јавно обвинителство, во саботата попладне, пред истекот законскиот рок од 24 часа, поднесе жалба на одлуката на судијата на претходна постапка да не им се одреди притвор на осомничените.

По жалбата, според ставот 5 од членот 25 на Законот за кривична постапка (ЗКП), одлучува Совет на Кривичниот суд составен од тројца судии. Советот по добивањето на жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа.

Во случај Советот да донесе одлука да ја прифати жалбата на обвинителството и на осомничените да им одредреди притвор, а како што е дополнето во ставот 3 од членот 169 на ЗКП, тие можат во рок од 24 часа да поднесат жалба до повисок суд, односно од Апелацискиот суд Скопје, кој треба да донесе конечна одлука.

META

Слични содржини