Лидерите на Европската унија ретко биле толку блиску до нервен слом. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц дури предложи лично да отпатува за Грција и таму да се заложи за гласање со “за” на претстојниот референдум.

grci

Грчкиот премиер Ципрас во меѓувреме се јавил во Брисел и замолил за помош. Но, како да го направите ова? Да биде запрен часовникот? Или пак правилата и аранжманите да бидат прогласени за неважечки? По сè изгледа дека еврозоната не е склона да продолжи да танцува сиртаки. Штом референдумот му е толку важен, Ципрас можеше да го одржи уште пред четири недели – тогаш сеуште имаше доволно време, коментира Барбара Везел за “Дојче веле”.

Гневни од Ципрас

Во последниве месеци Мартин Шулц беше меѓу партнерите на Ципрас во преговорите. Шулц и до крајот повикуваше да се пројави разбирање за грчката позиција, секогаш имаше време за грчкиот премиер и се обидуваше да му покаже помош во европскиот политички лавиринт. Но како што се гледа сега, Ципрас очигледно не го сакал сето тоа. И за Европската унија важи поговорката – направи добро, пак го фрли на ветрот.

Во уште потешко положба е претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Тој беше премногу добротворен кон Ципрас и премногу трпелив за време на деноноќните преговори со него и неговите луѓе. Токму Јункер постојано се бореше за повеќе мекост во позициите и за флексибилни компромиси во однос на грчката програма за реформи. Сега претседателот на Еврокомисијата се најде во ситуацијата на напуштен љубовник.

На крајот на минатата недела некои од финансиските министри изгледаа речиси релаксирано што конечно се дојде до крај на оваа психодрама. Јункер сепак изгледаше прилично вознемирен. Бидејќи му се наложи да потврди дека Владата во Атина едноставно не сака да се постигне договор. А работите одеа добро – минатата недела беше постигнат толку големо приближување што навистина нема објаснување зошто Ципрас го отфрли предлогот.

Ципрас ги мами и Грците

Сега претседателот на Еврокомисијата е принуден да ја осознае бесполезноста на добрата волја и апелите за единство. Предводен од надежта дека ако сето заврши успешно, ќе ја зајакне својата власт како спасител на Европа, Јункер навистина дојде премногу далеку. А сега е испразнет, ​​депримиран, тажен, поразен.

Не може да се помогне на луѓето кои од идеолошки причини не сакаат да им се помогне. А и некоја влада не може да биде принудена искрено да објави пред граѓаните каков бил предложениот компромис. И така, прашањето на референдумот ќе гласи: “Треба ли предлогот, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за време на средбата на еврогрупата на 25 јуни 2015 година, кој содржи два дела, составен заедно со нивната севкупна понуда да биде прифатена? “. Што на Грците им звучи позитивно како странски јазик. Токму до прашањето е вметнато квадратчето со негативниот одговор. Владата јасно покажува каков резултат преферира.

Еврозоната ќе преживее. А Грција?

Така на Париз, Рим и Берлин не им останува ништо друго освен да апелираат кон Грците да се изјаснат во корист на својата иднина во еврозоната. Од стратешка гледна точка веројатно не е многу паметно да се придава на референдумот толку кобно значење. Но, ако одговорот е “не”, враќањето на масата за преговори ќе е веќе исклучително тешко. При тоа е во прашање најмногу иднината на самата Грција – еврозоната ќе ја преживее оваа драма, како што покажуваат реакциите на финансиските пазари.

Кажано поинаку: под закана е никој друг, туку грчката држава. Како ќе се финансира Атина во иднина, како ќе се стабилизираат банките, кои фактички се во банкрот? Како економијата да биде повторно оживеана? Од што воопшто ќе живее земјата? Досега “Сириза” нема добиеноодговор на ниту еден од овие прашања. Јасно е само дека ако настапи катастрофа, Атина може да смета на помош од Брисел. Но, тоа ли е иднината на гордите Грци – да добиваат милостина од еврозоната?

Како што сосема правилно вели Мартин Шулц: во неделата прашањето е “евро или не”. Да се ​​надеваме дека Грците ќе пројават разум и ќе кажат “да”. Но одлуката е нивна. И воопшто не е сигурно дали ја сфаќаат важноста .

Слични содржини