Тодор Петров запали свеќа пред тргнатиот споменик на Ќосето

од Vladimir Zorba

Споменикот  на „чистачот “на ВМРО Андон Јанев-Ќосето  е симнат, спакуван во камион и сместен во магацин во хангарите на МЗТ Тито. Во црни темници како што беше поставен така  беше  и симнат . По медиумите бројни коментари на одобрување и негирање на ваквите потези на власта  и градските татковци.

Пред Врховниот суд и воопшто судскиот комплекс остана само постаментот, на кого дел од буквите му се извадени.

Изутрината меѓу првите дојде запали свеќа  и се прекрсти, вечниот лидер на здружението „Светски  македонски конгрес“ Тодор Петров.

 

Тој дојде ,постоја пред свеќата и празниот постамент и си замина. На местото на настанот од изутрините  стои полициско возило.

 

Во очекување на официјален одговор од градските власти ,  работниците  рекоа дека налогот за оваа операција бил издаден од инспекторатот на град Скопје, на барање на општина Центар.

 Споменикот на Андон Јанев-Ќосето беше поставен пред Врховниот суд во 2014 година како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин за град Скопје. Ова здружение донираше уште четири споменици.

На 3 ноември 2017 ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека сѐ што СДСМ ќе сруши и уништи од она што е создадено, веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било и ќе биде покрената одговорност за секој кој сега ќе учествува во разни рушења, уништување или преместувања и слично.

Видео од отстранувањето на споменикот на Ќосето пред Врховниот суд

Како што беше објаснето,  тогаш од владата на Груевски тоа било во чест на одбележувањето на 23 годишнината од независноста на Република Македонија, со „споменици на македонски великани, посветени на Националната борба за независност на Република Македонија“.

Тој е дело од контроверзниот проект „Скопје 2014“ на Владата на Груевски и е поставен во времето на  градоначалникот Коце Трајановски.

Еве дел од видеата  од ночешното тргање на Ќосето кои може да се видат на социјалните мрежи:

 

 

Слични содржини