Очекувано преговорите во Брисел пропаднаа. Нашите се сликаа во Брисел и се вратија. Хан не успеа да биде ниту добар преговарач, ниту го сфати проблемот и гледа излезот, ниту пак успеа да ги доближи ставовите на Заев и Груевски. Главен виновник е недовербата, и обидот на личниот профит. Ниту Хан темелно ги анализирал двете страни, ниту Заев му верува на Груевски , ниту пак Груевски сака да се жртвува себе си, ниту пак двајцата веруваат дека ЕУ преку Хан може да изгради и гарантира поволен исход за Македонија. Сѐ друго е дневно, или во случајот ноќно, партиско пакување. Сега владините медиуми ќе ја „линчуваат “секојдневно опозицијата и тие кои различно размислуваат од нив, а опозицијата веројатно ќе ја менува тактиката на отпорот, ги враќа бомбите и тргнува низ градовите, чекајќи вклучување на САД во преговорите и повисоко ниво на преговарачи.бриселска маса

Бриселските преговори пропаднаа вчера. По 12 часа преговарање. Своето разочарување на Твитер веднаш го изрази комесарот Јоханес Хан.
„Сè уште нема конечен договор во преговорите за БЈР Македонија. Мошне сум разочаран од недостигот од одговорност и лидерство кај некои. Граѓаните заслужуваат повеќе: демократија, владеење на законот и европска иднина. Не се откажуваме!“, напиша Хан.

Овој неуспех беше за него втор во еден ден, откако попладнето мораше да го откаже патувањето во Босна за 11 јуни поради одлагањето на тркалезната маса на лидерите на водечките политички партии на која требаше да се договори пакетот реформски мерки.

Главна причина за фијаското е тоа што премиерот Никола Груевски давал сѐ, но не сакал да се откаже од својата фотеља, или прифаќа сѐ, смена на сите,  освен главното- тој да ја напушти Владата, и премиерската позиција.

big-comisia-europeana-si-consiliul-europei-au-lansat-un-program-pentru-integrarea-romilor

Груевски барал до Нова година да остане, а потоа да ја отстсамо за некој месец,  а позицијата на  Заев била веднаш за да може да се оствари целта на транзицискот период. Компромисното решение како понуда од Хан било 6 месеци пред избори, од Октомври, кое го одбиле двете страни.  За да остане  на премиерската функција Груевски ги дал: местото на Претседател на Собранието како и ко-министри  за Финасии, МВР и Транспорт, кои би имале право на вето на секоја одлука.

Во текот на 12 часа преговори притисокот врз Заев и Груевски бил голем. Имало разни предлози кои доаѓале од европската страна, па дури и понуди во кои се велело дека СДСМ може да го прифати предлогот според кој Груевски останува премиер до 2016 година бидејќи, како што било речено, дотогаш Груевски ќе мора да замине поради криминалните активности кои ги открија снимките. Но, опозицијата рекла нема доверба во ветувањата кои остануваат нереализирани доколку нема сериозен притисок врз власта, притисок кој за СДСМ не бил очигледен.

Притисок вршел и Али Ахмети, кој изјавувал дека тој  наскоро, можеби утре, ќе најави дека ја напушта владината коалиција со што би предизвикал брзо одржување на предвремени избори, а истото го играл  и Никола Груевски, дека и тој може да го распушти веднаш парламентот ако Заев не се согласи, но тоа се само дел од притисоците врз Заев,  за да прифати само избори, а не и темелно препакување на списоците и фер условите за нивно оддржување. Очекувано  Никола Груевски  за неуспехот на преговорите целосно го обвини само  Зоран Заев:

https://youtu.be/xpYng-Pllts

“Вака да ви кажам. Ние денес преговаравме повеќе од 12 саати и мојата крајна констатација е следна. А тоа е дека г. Заев ниту сакаше да има договор ниту пак дојде до тоа. Тој не дојде да се договори. Тој дојде за да не се договори. Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тежок пораз и најголемото фијаско на СДСМ досега во неговата историја. Ни договор сака ни избори сака. Тоа е целиот проблем.

Тој сака да не се појави на избори и колку што може поголема штета да ѝ направи на државата. Да се запре отварањето на нови работни места верувајќи дека во таков еден хаос што ќе го предизвика дека тој и СДСМ ќе можат нешто политички да добијат. Ни договор, ни избори, само правење економска штета на Македонија.

На прашањето дали прифаќа преодна влада, Груевски го избегнал директниот одоговор и рекол:

“Денес имаше многу шпекулации. Да беа точни тие шпекулации, меѓу кои и ова, вечерва ќе имавме договор. Зошто немаме договор? Затоа што сите шпекулации што ги добивавте од СДСМ беа неточни“.

Објавувам дека нема да присуствуваме на состанокот во БриселЛидерот на опозицијата оваа изјава комплетно ја отфрла и не се согласува, за него вината е во Груевски:

“Имам многу сведоци кои можат да кажат дали денешните преговори беа неуспех или не. Важно е што останавме на ставовите кои не се само наши. Тоа се единствено можни принципиелни ставови кои гарантираат фер и демократски избори. Ако на крајот на април кога треба да се одржат да можеме да подадеме рака без оглед на тоа кој ќе добие а кој ќе изгуби. Тоа е возможно само ако предусловите за нивно фер одржување бидат според критериумите на граѓаните. Тоа со Груевски не е возможно. Тој е главниот виновник за сите криминали. Не може човекот кој е главен во проблемот да биде и решение за проблемот. Избори со Груевски не можат да бидат фер.

Се надевам дека денес им стана малку повеќе јасно на нашите европски пријатели, кои вложија огромни напори, и дека разбраа како да се вратиме во нормала. Да ги подготвиме изборите да бидат регуларни и фер и истовремено да ги вратиме во нормала институциите за нашите граѓани и само така имаме шанси да напредуваме кон ЕУ и НАТО”, вели Заев.

Според него наредните чекори се разговори и повеќе демократски средства:

“Гледате дека сме решителни да најдеме излез од кризата и тоа секако може да се прави само низ разговори. Ова што се случува во Македонија мора да биде разбрано од европските и американските пријатели. Ако дозволиме оваа работа вака да продолжи тоа сигурно ќе донесе слични ситуации на Балканот и не е во полза ни на Македонија и на другите земји. Ни стојат на располагање сите демократски средства а нив ги има многу. Оставаме шанса да продолжат разговорите. Тоа ги најави и комесарот Хан. И паралелно и други активности за да им докажаме на сите дека нашите барања се правични. Не се тоа суети на опозицијата. Тоа се гаранции за Македонија за да се создадат услови за фер избори и да се вратат корективите во опшеството. Да гласаме слободно а потоа, тој што ќе ја добие честа да ја води државата, не мисли на силата на граѓаните”, вели Заев.

Тој најави и дека “бомбите” ќе продолжат, овојпат и за Груевски, но и за Ахмети.

“Продолжуваме со докази и аргументи внимателно како и досега без да навлеземе во приватниот живот на политичките противници. Тоа го правиме во функција на изградените ставови што ги имаме. Тоа е случајот Монструм, А1, унверзитетот, спортски организации и други криминални дејствија на премиерот и неговите соработници. За да сфатат сите, и меѓународната заедница, со каков човек имаме работа. Но и она за владиниот партнер ДУИ”, најави Заев за наредните денови.

Официјалниот став на ЕУ е изразен преку конкретна порака:

“Европската унија ги повикува сите страни во интерес на својата земја и нејзините граѓани да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, за дефинирање на веќе постигнатиот договор во Скопје на 2 јуни. Определбата за реформи содржани во него, на која се посветени сите партиски лидери мора да се спроведе како итно прашање Ова е од суштинско значење за земјата да направи каков било напредок на патот кон евроатлантските интеграции. Европската комисија сега ќе разгледа како да придонесе најдобро за политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олесни дискусиите», се вели во изјавата на ЕК.

Покрај партиските лидери Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА), Али Ахмети (ДУИ), и еврокомесарот Хан, на средбата беа присутни и амбасадорите на Европската унија и Соединетите американски држави , Аиво Орав и Џес Липинкот.

Слични содржини