Топ 3 совети за убавина од Кара Делевин

од Vladimir Zorba

Кој не знае за Кара Делевин, кој не слушнал за неа?86f4090dbcdb0f95a8905a835176e319

Британскиот модел стана икона на новата генерација грациозни лица по модните писти и за кратко време го исполни своето портфолио со обврски за сите големи брендови.

Брендовите се натпреваруваат да ја ангажираат за лице на нивните производи, но телото и веѓите станаа не само нејзин препознатлив белег, туку и дури воведоа нов тренд во козметичката индустрија.

Денес ќе се осврнеме на Кара Делевин, но овој пат за да “украдеме” некоја нејзина тајна. Видете топ 3 од советите на супермоделот.

1. Без шминка

Природната убавина е дефинитивно на почит од Кара Делевин и токму на тоа се обидува да ја научи таа помладата генерација. Често можеме да го видиме супермоделот без никакви козметички производи врз лицето, особено кога не е на работен ангажман. “Без шминка. Ова е мојот потпис “, изјавила Кара.

2. Веѓите

Како што веќе рековме, еден од најпрепознатливите обележја на супермоделот се нејзините веѓи. Интересен факт е дека благодарение на неа се наметна трендот да обрнуваме внимание повеќе на сводовите над очите, особено како начин за истакнување на очите. Не треба да ги пропуштиме геловите за веѓи кои ја фиксираат нивнатаформа и не им дозволуваат на малите влакненца да штрчат.

3. Црвен кармин

Кара Делевин е уште една ѕвезда која ги советува дамите да се свртат кон црвените кармини.”Сакам црвени или темно виолетови усни за настани”, изјави таа.

Обложете се на класичните и етаблирани во времето трикови за да изгледате совршено на секој повод и настан.

Слични содржини