Топ 5 причини за крварње на непцата

од Vladimir Zorba

1480953659-file0001780228633

Непцата што крварат се најчесто запоставени проблем во усната шуплина. Повеќето луѓе се фокусираат на здравјето на забите и отстранувањето на кариес, но не водат грижа за здравјето на непцата.
Крварењето на непцата не е безопасно и во повеќето случаи е предизвикано од одредени причини. Кои можат да се тие?

Воспаление

Ако не четка забите добро има голема веројатност некаде да се задржи храна. Престојот на бактериите во устата за повеќе од 24 часа предизвикува воспаленија, кои не само тераат непцата да крварат, но и болат. Инфицираните непца се сериозен предуслов за губење на забите.

Хормоналната нерамнотежа

Хормоналните колебања од секаков карактер можат да влијаат негативно врз здравјето на непцата. Ова може да предизвика крварење, црвенило, иритација, болка и оток во непцата. Менопаузата, болести на тироидната жлезда, бременоста, менструацијата, пубертетот се моменти поврзани со различни видови на хормонален дисбаланс.

Стрес, несоница, лоша исхрана

Стресот влијае комплетно врз здравјето на организмот. Тој не ги одминуваи непцата. Лошата исхрана исто така е во состојба да ги уништи непцата и да ги натера да крварат при четкање и при јадње на цврсти плодови, пример јаболко. Недостатокот на сон и заморот влијае врз здравјето на коските и формирање на коскената материја. Тоа влијае непосредно врз здравјето на непцата.

Лекови

Некои лекови можат да предизвикаат крварење на непцата. Најчесто тоа е испровоцирано од потиснување секрецијата на плунка, каков несакан ефект имаат некои лекови. Тоа е предуслов за размножување на штетни бактерии кои предизвикуваат инфекции на непцата.

Заболувања

Некои болести се поврзуваат со крварење на непцата. Таков симптом се забележува кај дијабетес, леукемија, СИДА, намален имунитет, автоимуни заболувања, анемија

Слични содржини