Топ 8 на есенските трендови кај обувките

од Vladimir Zorba

Летните денови веќе се избројани, но тоа го означува почетокот на друг убав настан – шопинг за есенската гардероба!de3fe5aafd6461182b0c5c397f0e5b4a

Со големиот избор на трендови што го обезбедуваат модните писти, сепак доаѓа и друга тешка задача, имено да селектирате што е најважно.

Може и да ви е тажно да ги приберете омилените сандали на високи штикли во кутии, но дојде време да ги замените.

Од влечки на високи штикли до велур елементи – видете кои се издвоија да бидат првите 8 од трендовите во чевлите за есен 2016.

1. Чевли со отворена петаfall_winter_2016_2017_shoe_trends_open_back_boots

Тоа е овој модел, кој буквално го материјализира најдоброто од двете сезони – отворената пета од летото и затворениот преден дел од есента. Тие се лесни, интересни и сигурно многу практични, бидејќи можат да се комбинираат буквално со сè.

2. Позајмени од момците

Модните писти за есен 2016 уште еднаш ги украдоа од машкиот гардеробер нашите омилени женски чевли – мокасини. Се разбира, приспособени за дамите, тие се со многу женствени и убави детали, везови и дури и апликација. Овој модел е исклучително удобен и ефектен како за време на викендите, така и за текот на неделата.

3. Чевли со каишкиfall_winter_2016_2017_shoe_trends_shoes_with_multiple_buckles 

Деталите од каишки и сандали со чипка го имаа својот момент во текот на летото, но за есен 2016 се враќаат со уште поголема сила. Токму овие акценти се сексапилни и целосно го менуваат изгледот на секој модел.

4. Кадифеfall_winter_2016_2017_shoe_trends_suede_shoes 

Омилениот материјал на дизајнерите за есен 2016 сигурно е кадифе. Креативните диктаторите на трендови успеаја да ја имплементираат мекоста и убавината на материјалот и кај чевлите, нудејќи широк спектар на модели.

5. Ниски, квадратни потпетициfall_winter_2016_2017_shoe_trends_shoes_with_square_heels

Нема спор за фактот дека модната индустрија се повеќе се насочува кон предлози кои се практични и удобни. По тој повод, дизајнерите ги лансираат како еден од водечките трендови за есен 2016 чевлите со ниска и квадратна потпетица. Тие обезбедуваат стабилност без да ги лишуваат дамите од така саканата стилска и женствена визија.

6. Чевли како накитfall_winter_2016_2017_shoe_trends_sequined_shoes

Луксузните завршеци врз обувките се тема која дефинитивно ќе остане со продолжение. Не двоумете се за брокатите, везењето, апликациите и принтови, кои ќе ги направат нозете поубави од било кога.

7. Чевли над коленото
fall_winter_2016_2017_shoe_trends_thigh_high_boots

Есен 2016 ќе е исто така сезона, опседната со чевлите и чизмите над колено. Драматизмот се дополнува со драматични моменти од чипка, отворени пети и отвори по нозе, што го прави овој тип модели посексапилен од било кога.

8. Милитари инспирација

Ретро инспирацијата од 90-тите години се трансформира во тесни и груби чевли кои го враќаат трендот за војнички изглед. Се разбира, држете се до висококвалитетни материјали и кожа.

Слични содржини