Топ храната за подобрување на плодноста

од Vladimir Zorba

Обидите за зачнување се многу ефикасни кога се храниме со точните производи. Некои храни имаат директна врска со зголемувањето на плодноста. Тие ќе ви помогнат не само да го подобрите своето здравје, но и да се здобиете побрзо со саканата рожба.  Кои се 5-те најважни за стимулирање на плодноста видови храна?36fcc6f62d86c3fbdf420c6731c91001

Сончогледово семе

Сончогледово семе е вистинска суперхрана. Тоа е преполно со корисни материи. Протеините во овие семки се многу важни како за стимулирање на женската плодност, така и на машката. Богати се со цинк, кој пак е важен за правилна делба на клетките.

Лосос

Лососот е една од најкорисните риби. Таа е главно составена од корисни омега-3 масни киселини кои се вклучени во изградбата и делењето на клетките. Тие ги потиснуваат воспаленијата во ткивата и негативниот одговор на имуниот систем, кои се честа причина за спонтани абортуси. 676d13845a9fa2964233bbbf1d947f6f

Црвеното месо

Многу луѓе не се обожаватели на црвеното месо, бидејќи сметаат дека тоа води до зголемен холестерол и кардиоваскуларни болести. Сè е сепак во квантитетот. Ако претерувате со црвеното месо, а и со која и да е друга храна, ризиците по здравјето се во крпа врзани.

Инаку црвеното месо е многу богато со железо. Тоа е потребно на телото на бремената жена, за да има енергија за исхраната на зголемениот плод.
Железото е директно поврзано со нивото на хемоглобин во крвта. Знаеме дека овој протеин одговорен за пренос на кислород во клетките и ткивата, односно кон плодот. Затоа не треба да се дозволени ниски нивоа на железо во текот на бременоста, иако анемијата е заеднички проблем кај многу бремени жени.

Кафеав ориз

Кафеавиот ориз е многу важен во превенцијата на гестациски дијабетес. Тој го намалува нивото на шеќер во крвта и инсулинот. Одржување на здрави нивоа на овие две компоненти е од огромно значење за плодноста и полесно зачнување.  Кршењето во балансот на шеќерот во крвта може да влијае негативно и на менструалниот циклус и овулацијата.  Кафеавиот ориз содржи во обвивката и фолна киселина, која е исклучително важна за бремените жени и оние кои планираат зачнување. Фолната киселина придонесува за нормален развој на невралната цевка на фетусот. 9a86a32161fa748bb4f9871edb920230

Брокула

Темнозелениот лиснат зеленчук е друга важна храна за добра фертилност. Брокулите треба да присуствуваат на трпезата колку е можно почесто, ако сакате да ја зголемите плодноста.

Тие се богати со растителни материи што го подобруваат хормоналниот баланс во телото. Тоа е од големо значење за жените, кои сакаат да забременат. Брокулите содржат уште завидна количина магнезиум кој придонесува за подобрување на шансите за зачнување.

Слични содржини