Речиси 47 милиони жители на земјата одлучи кој ќе управува со Обединетото Кралство во следните пет години. До 19.00 часот податоците од излезните резултати покажуваат дека конзервативците на премиерката Тереза Меј имаат предност од околу 10% пред главните противници – лабуристите. Интересно е и што ќе се случи со либерал-демократите, кои ќе играат клучна улога, ако ниту една од другите две партии не освои мнозинство во наредниот парламент.

До неодамна многумина сметаа дека најголем залог околу гласовите ќе биде излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Главна тема сепак беа социјалната правда и безбедноста. “Додека се подготвуваме за владата, веќе можеме да кажеме дека ја променивме дебатата и им дадовме надеж на луѓето. Надеж дека нештата не треба да се како сега “, категоричен беше лидерот на лабуристите Џереми Корбин.

Од своја страна, лидерот на Конзервативната партија Тереза Меј ја заврши кампањата обидувајќи се да ги врати фокусот врз Brexit. Таа ги предупреди гласачите дека секаков друг резултат, освен убедлива победа на конзервативците, ќе ја ослабне Велика Британија, и тоа во момент кога се подготвува за излегувањето од ЕУ. “Прашањето е на кого се доверуваме, за да имаме силно и стабилно управување, за да го договориме најдоброто за Велика Британија во Европа. Бидејќи Brexit има значење! Ова е основа за сè друго “, коментираше Меј.

Треба да бидат распределени 650 места во Долниот дом – 553 во Англија, 59 во Шкотска, 40 во Велс и 18 во Северна Ирска. Партијата, која ќе освои 326 места или повеќе, ќе може да состави влада. Последното истражување на јавното мислење, буквално во пресрет на изборите, на Ipsos MORI нарачано од весникот “Ивнинг стандард”, покажа8-процентна предност на конзервативците на Тереза Меј. 44 отсто од анкетираните ги преферирале ториевците, 36 проценти лабуристите, либералдемократите се на третата позиција со 7-процентна поддршка.

Слични содржини