Опасно високи температури, поради топлотниот бран,  минува низ Балканот.

 

Жолтиот код за високи температури е прогласен во 18 области во западна и централна Бугарија. Се очекуваат вредности на термометарот на околу 40 степени.

Властите во Македонијај ,Србија и Хрватска ги предупредуваат граѓаните да не стојат на сонце и да пијат многу вода. Се очекува температурите да се движат и над  40 степени.

Во црногорскиот главен град Подгорица избувна пожар кој  загрози десетици куќи.

Во центарот на Белград беа распоредени контејнери со вода за сиромашните.

Во Хрватска сепак плажите продолжуваат да се полни со туристи и покрај жештина. Предупредувањата се за УВ индексот , а властите дури издадоа предупредување за солени казни  и за пијанства и непристојно однесување. 

Во тој контекст на влезот на градот Хвар се појави табла со предупредување до туристите и казните кои што ги очекуваат во случај на непримерно однесување, па така за шетање без маица се предвидува казна од 500 евра, а во костим за капење 600 евра.

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.  

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 34 до 41 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и потопло. Во попладневните часови можен е краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст.

Промена на временската состојба и нестабилна облачност со пороен дожд со грмежи и со засилен ветер се очекува в среда, кон крајот на денот, кон четврток кога ветерот ќе го промени правецот во северен, а со тоа ќе има и намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени. Намалувањето на температурата ќе продолжи и за време на викендот кога ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Слични содржини