Тортевски очекува Грујевски и Бошкоски брзо да бидат предадени на македонските органи

од desk2

Грција е добро запознаена со обиненијата за Грујевски и Бошкоски, депортацијата во Македонија ќе се случи брзо, вели во интервју за телевизија 24 адвокатот, Александар Тортевски.

Според него, и пред затоплување на односите со Македонија, Грција ги исполнувала своите обврски.

„Во случајот проблемот се комплицира затоа што Грујевски и Бошкоски веќе имаат извршени кривични дела на територија на Република Грција. Сите знаат дека се обиделе со фалсификувани пасоши да излезат од Грција. Тоа ќе ја комплицира постапката, меѓутоа може и да ја поедностави“- вели Тортевски.

Според него може во среда да се направи спогодба и да бидат предадени на македонските органи.

Слични содржини