Тотален колапс на патриотските вредности

од Vladimir Zorba

А овие пак, што не биле А1 и божем плаќале данок, се жалат сега дека новоотворените истраги на СЈО биле атак врз слободата на медиумите. Нека ми каже некој што е врската помеѓу сопственик на медиум или главен уредник, и раководител на приватна фирма кој затајувал данок?!

besa-arifi-777x437

Не постои таква врска. Делата за кои овие лица се под истрага не се поврзани со нивното работење во медиумите, иако за омразата што ја шират може и треба да се соочат и со некоја нова истрага. Слободата на медиумите, како и секоја друга слобода, доаѓа со обврски. Нема право или слобода која со себе не носи обврска. Нема право или слобода која при нејзиното спроведување може да го наруши правото или слободата на друг. Сепак, акцентот овој пат, е во работењето на Латас и Ивона во рамки на нивните фирми преку кои, според СЈО, тие набавиле работи за лична употреба а ги книжеле како трошоци на фирмата, што не смееле да го направат и преку што затајувале данок. Ако тоа некако се поврзува со слободата на медиумите, тогаш најубаво би било сите да отвориме по некој портал, весник, радио или телевизија, и така, да се здобиеме со имунитет од гонење за затајување на данок.

Што убаво би било! Сите би можеле да купуваме часовник како на Латас или пак гаќи како на Ивона, и сето тоа да го регистрираме на име на фирмата и да не плаќаме ДДВ! Да беа само часовникот и гаќите ајде, ама работава не завршува тука. Ете, имаме и злоупотреба на службената должност, за која Фатиме Фетаи образлагаше во прес-конференцијата. Имено, СЈО се сомнева дека помошник министер на МВР ја злоупотребил својата должност и набавил автомобили од фирмите кои немале економски најисплатлива понуда, иако тоа бил единствен критериум на тендерот, а со тоа, ја оштетил државата за околу 450.000 евра. А за директорот на основното училиште во Зајас пак, СЈО се сомнева дека без да се спроведе постапка за тендер и спротивно на задолженијата дадени од Министерство за образование склучил договор за градење на ново училиште во износ од 200.000 евра.
Во целава работа само за едно нешто се чудам: зошто помошник-министерот и директорот не се жалат дека со тоа што СЈО отворило истрага против нив, тешко го нарушило нивното право да ја обавуваат нивната службена должност?! Како смее СЈО да се меша во нивното работење, без разлика какво е? Каква таква, службена работа си е службена работа, кој е СЈО да се меша?! Ако истрагата против Латас и Ивона автоматски значи напад врз слободата на медиумите, истрагата против помошник-министерот и директорот несомнено е напад врз извршувањето на службената должност и службеното работење. Оти во рамки на таквото работење спаѓаат и разните малверзации во врска со тендерите, нели тоа е цврсто воспоставена пракса во Македонија? Која е СЈО да се буни и да покрене истраги за овие работи? Да беше тоа нешто важно и опасно, како што е опасна Албанската платформа, сигурно ќе имаше патриоти на улица кои протестираат против тоа, нели?!
Koлумната на Беса Арифи во целост прочитајте ја тука

Слични содржини