Меѓународната агенција “Мудис” (Moody’s) го намали кредитниот рејтинг на Турција до ниво “ѓубре” (junk), повикувајќи се на ризиците, меѓу кои забавувањето на економскиот раст, пренесоа агенциите ДПА и ТАСС, цитирани од агенциите.

1468693289-2016-07-16t172250z-1961922893-lr1ec7g1c9s3v-rtrmadp-3-turkey-security

“Мудис” го намали долгорочниот кредитен рејтинг на земјата до “Ba1” од “Baa3” (лат. букви) со стабилни изгледи.

Како главна причина за преземе чекори од “Мудис” се истакнуваат растечки ризици поврзани со потребата од надворешно финансирање на Турција, доцнењето на програмата на реформи и неповолна инвестициска клима.

“Стандард енд Пурс” (Standard & Poor’s) презеде ист чекор во јули по неуспешниот обид за преврат во земјата. Во моментов само “Фич” (Fitch Ratings) меѓу поголемите рејтинг агенции задржува ниво за Турција над категоријата “ѓубре”.

Слични содржини