Традиционална манифестација во Охрид за денот на рибарите

од desk4

Со подготвување на традиционалната рибина чорба охридските рибари го прославија празникот Свети Јован Крстител кој официјално го означи крајот на забраната за риболов на езерото после зимскиот мрест, информира ТВ24.

И оваа година по традиција на локалитетот Сараиште во стариот дел на градот ветераните се капеа во осветеното езеро и пливаа по неколкуте буриња со вино.
Но, најпрвин во водата влегоа другарите од тајфата на фаќачот на чесниот крст. Потоа се јадеше од топлата рибина чорба од 1 тон која овозможи околу 2000 порции.
Цело утро макотрпно ја подготвуваа 10-ина ученици и двајца професионални готвачи.

„Употребивме околу 400 килограми риба и други продукти кои се потребни за подготовка на чорбата. Ова е испробан рецепт“, вели Марјан Радески – професор Факултет за туризам

Рибината чорба освен за многубројните присутни кои ја чествуваат охридската традиција овозможи и топол оброк за лицата од социјален ризик.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини