Трагедија кај Охрид: Прегазил жена и избегал

од Vladimir Zorba

16-133

Седумдесет и четири годишната Ќ.А. од Охрид вчера била усмртена од автомобил на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Горенци.

Од полицијата денесka информираат дека непознато лице управувајќи со автомобил БМВ, со тетовски регистерски ознаки, според кажувањето на очевидец, удрил во жената и побегнал.

Охриѓанката починала на лице место, а смртта била контатирана од лекар од итна медицинска помош.

На местото на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот

Слични содржини