Трагедија на Тасос: Девојка загина во силна бура, младо момче е во критична состојба!

од Vladimir Zorba

timthumb-3

Девојка од Србија, чиј идентитет се уште не е познат, загинала утрово во страшна сообраќајна несреќа на Тасос во Грција, додека М.С (20) од Стара Пазова кој бил со неа е тешко повреден.

Според неофицијални информации на српски „Блиц“, двајцата изнајмиле скутер со ко јсе возеле низ островот.

– на Тасос вчеравечер имало голема бура. Никој не знае што точно се случило, но најверојатно скутерот се лизнал и тие излетале од патот. Девојката која бил совозач починала на самото место, додека момчето било тешо повредено, – изјавил извор запознаен со околностите на несреќата.

Повреденото момче е пренесено во болница во Кавала, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Според пишувањата, тие биле идентификувани преку агенцијата од Белград со која патувале./а1он

Слични содржини