Трагедија! Семејство падна во кратер на вулкан

од desk3

 

Момче и неговите родители загинаа, откако паднаа во вулкански кратер во Солфатара во близина на Неапол, соопшти “Ла Стампа”. Италијанските власти ја истражуваат причината за трагичниот инцидент. Првичната информација покажува дека 11-годишното момче влегло во забранета зона. Кога неговите родители се обиделе да го извлечат, земјата под нивните нозе пропаднала и тие паднале во кратер на вулканот. Другиот син – 7 години – преживеал, бидејќи не ги следел. Семејството живеело во северниот град Торино, но биле на одмор во близина на Неапол. Родителите се на 40-годишна возраст, пишуваат медиумите на Апенините. Солфатара е еден од неколкуте вулкани кои се наоѓаат во близина на градот Неапол во јужниот дел на земјата. Областа е популарна туристичка дестинација. Денешниот инцидент беше опишан од сведок како “најлошото нешто што го видел во својот живот”.

Слични содржини