Трагедија што шокира: Камион за отпад смачка „Голф“, уби мајка, татко, две бебиња и тетка

од desk2

На германските патишта во петокот се случи ужасна несреќа, со трагични последици, кога загина петчлено семејство.


Имено, во близина на Штудгарт, загина петчлено семејство што се вражало од излет.

Камион за отпад натоварен со 26 тони ѓубре, поради преголема брзина се превртел на кривина, шти што паднал врз „Голф“, во кој биле татко (25), мајка (22), неколку недели старо бебе двегодишната нивна ќерка и сестрата на мајката (17).

Сите загинале на лице место, а од автомобилот останал само куп лим.

Возачот на камионот е полесно повреден, но е во голем шок, па е пренесен во болница.

Глетката била страшна, а набрзо стигнале два хечикоптери и пожарникари, кои морале да го сечат автомобилот за да стигнат до телата на загинатите.

Слични содржини