ТРАГЕДИЈА – Српски фудбалер почина во соблекувалната 15 минути по мечот

од Vladimir Zorba

 

Страшна несреќа се случи по мечот меѓу Меѓуопштинската лига „Млава“ меѓу Омладинци од Старчево и Драгош од Орешковиц.

Фудбалерот на гостинскиот тим Саша Животиќ (29) почина само 15 минути по мечот, пренесува Спортски журнал.

Животиќ се пожалил на здравствени проблеми, а соиграчите веднаш повикале итна помош.

Со автомобил веднаш тргнале кон болница, не сакајќи да ја чекаат итната помош која ја сретнале на пола пат недолго потоа.

За жал можеа само да ја констатираат смртта на фудбалерот./СВ

 

Слични содржини