Трагедија во Турција, струја во базен уби пет луѓе

од desk3

 

Тројца тинејџери загинаа од последица на струен удар во базен во турски воден парк заедно со 58 годишниот сопственик и 30- годишниот син кои двајца скокнале во базенот обидувајќи се да ги спасат, објавија локалните медиуми.

Вработените во водениот парк ја исклучија струјата а петмината настрадани се однесени во болица, меѓутоа нивните срца веќе престанале да чукаат поради електричниот удар, пишува дневниот весник Сабах.
Весникот објавува дека паркот е сместен во покраината Сакарја, на северозападниот дел од Турција.

Слични содржини