Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов,  тргнува во акција  и собирање на членството и средби со граѓани и симпатизери поддржувачи на политиките на ДС. Како што е познато со последната одлука на централниот одбор на партија , одлучено е на овие предвремени парламентарни избори Демократскиот сојуз  да настапи самостојно надвор од досегашната коалиција  со Никола Груевски.

демократски сојуз   хоризонтално

Има голема мобилизација  во партијата велат од изборниот штаб и очекувани  се атаци за предомислување , но ние имаме цврст став за нови политики и отворени сме за сите други , од поединци , независни интелектуалци, граѓански организации, движења и партиски структури , кои се за принципите на Демократскиот сојуз, кои со години ги промовираме и се борме за нив без отстапки.

Денеска лидерот и пратеник Павле Трајанов ќе оствари средба со граѓаните на општина Прилеп каде тема ќе бидат  актуелната политичка состојба, како и  законодавните  активности кои се водат во последно време врзани за  обврските од договорот од Пржино. На средбата граѓаните ќе можат да поставуваат прашања, да разговараат за локалните проблеми и да предлагаат конкретни решенија.

Средбите и разговорите ќе се одвиваат во советот на старата Општина Прилеп со почеток во 17:00 часот.

 

Слични содржини