Трајанов: Само со поддршка на 10% од граѓаните ќе го демонтираме еднопартискиот олигархиски и криминален систем

од Vladimir Zorba

Централниот предизборен караван на Коалицијата за Промени и Правда,предводен од Демократскиот сојуз, вчера рестојуваше во повеќе населби, меѓу кои Маџир маало, во Скопје, каде се остварени бројни средби со граѓаните, при што презентирана им е Изборната програма. Скопјани се цврсто определени за промени, искажувајќи огромна поддршка на кандидатите за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда, меѓу нив и за Павле Трајанов, носител на листата на првата изборна единица во Скопје, каде граѓаните искажаа силна поддршка за борбата против политичката мафија.

dsc_0031

На прес конференцијата, Павле Трајанов, нагласи: “Само со поддршка од 10% од граѓаните ќе го демонтираме еднопартискиот, олигархиски и криминален систем. Таа поддршка ја имаме и гарантираме дека никогаш нема граѓаните да дозволат еден човек една партија да владее. Попусти се повиците да не се гласа за другите партии, Никола Груевски и Зоран Заев, бараат по 63 пратеници, за да не се промени ништо. Но народот знае дека само со новата сила, Коалицијата за Промени и Правда, ќе има баланс и одговорна власт.

Ние сме гарант за промени, воспоставување на систем на одговорност, стабилност во државата и економски развој рече Павле Трајанов.

Сигурни сме дека режимот ќе падне и Коалицијата за Промени и Правда заедно со сите други опозициони парти ќе ја преземе одговорноста за демократско владеење и формирање на Владин кабинет, од врвни експерти, креативни, чесни и високо морални личности.

Со економската програма создаваме исти бизнис услови за домашните и странските компании, предвидуваме 800 милиони евра за развој и 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите, 300 евра минимална плата, 200 евра најниска пензија и најмалку 100 евра социјална помош.

Со отворање на над 30.000 илјади мали фирми ќе се вработат над 90.000 млади кадри.

На прес конференцијата, своите ставови ги презентираа и Слободан Богоески носител на четвртата изборна единица и Јове Кекеновски носител на втората изборна единица.

Слободан Богоески истакна : за помалку од еден месец, Коалицијата за Промени и Правда доживеа голем успех и прифатена е од народот како општонароден фронт, симбол на борбата на народот против режимот. Вооедно, таа е симбол и на надежта на народот за подобро утре, за промени на вредностите на кои почиваше еднопартиската власт во изминатите 25 години.

Ние сакаме слободна и демократска Македонија, во која власта ќе се плаши од народот, а не како што беше до сега.

Сакаме Промени и Правда за сите и перспектива за малдите како би го запреле процесот на масовно иселување од Македонија.

Јове Кекеновски рече: ги повикувам сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се разочарани од актуелното и криминализирано партиско раководство на кое мошне им е јасно дека нашата партија е приватизирана и узурпирана од фамилијата и се користи исклучиво за лукративни цели- својот глас да го дадат за Коалицијата за Промени и Правда во која партиципира и ФРОДЕМ.

Исто така ги повикуваме и сите разочарани СДСМОВЦИ како и сеуште неопределените да го дадат својот глас за оваа автентична демократска коалиција.

И едните и другите покажаа дека на прво место им се партиските и личните интереси а потоа останатото.

На државата гледаат како на крава молзница која и едните и другите ја цицаат веќе 25.

Гласот за Коалицијата за Промени и Правда е глас за промена на црно белата боја.

Тоа е глас за стоп на криминалот и корупцијата. Глас за промена на режимот.

Слични содржини