Трајанов за “Слободен печат”: Засега третиот политички блок тежи околу 100.000 гласа !

од desk3

Лидерот на ДС и еден од конституентите на третиот политички блок во државата- Павле Трајанов, во интервју за “Слободен печат” вели дека граѓаните бараат трет политички блок, со јасна визија за иднината на Македонија. Таква можност се отворала и има шанса да се обединат околу идејата за демократска и европска Македонија доколу опстоеле на принципиелните определби за рушење на режимот

pavle_trajanov-top_tema-540x356

 

Што велат сондажите и математиките? Колку гласови би тежела вашата коалиција ако во неа  бидат Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, ВМРО-НП  и Обединети за Македонија, а колку ако таа се  сведе само на вас и на Кекеновски?

Засега Демократскиот сојуз, Фродем, ДЕМОС и МОРО Работничка партија тежат околу  100.000 гласа  или 12-14 пратеници.

Тоа го покажуваат анкетите, а дополнително, со проширување на Коалицијата за промени и правда, ќе видиме што ќе покажат сондажите.

Повеќе од јасно е дека огромниот интерес за Коалицијата за промени и правда, говори за довербата што граѓаните се подготвени да ја дадат, доколку опстоиме на принципиелните определби
за рушење на режимот што Македонија ја вовлече во длабока политичка и севкупна криза.

Идејата е да се оди со еден трет блок и во таа насока се обидуваме да се надминат личните и теснопартиски интереси.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини