top_tema_08.03.2016

Според него тоа се матични броеви кои се нелегално изработени од страна на МВР за потребите на избирачкиот список. Трајанов  во Топ тема на ТЕЛМА, посочи и дека мора да има одговорност за сите прекршителе и наредбодавачи и извршители на ова  незаконско дело. Тој посочи дека  на овој тип на криминал  треба да му се спротистават сите институции и не смее криминалот да биде покриван со евентуална изборна победа , туку напротив,  со ригорозни казни и санкции за сторителите и тоа   да биде пример и поука за сите ,  за да делата понатму не се повторуваат.

Оваа  изјава на Трајанов во ТОП ТЕМА предизвика реакција и негодување на пратеникот на владеачката ВМРО ДПМНЕ Павле Саздов,  кој смета дека не треба да се шпекулира со вакви податоци  и ја раскажуваше процедурата како треба, додека Трајанов му реплицираче дека не е поентата во тоа како треба,  сите го знаат тоа,  туку  како се прави и се крши законот и се злоупотребуваат функциите  заради партиски интерес од позиција на моќ и власт.

Саздов реплицираше додека тие дела не бидат докажани  според него , никој не треба да биде обвинет без основа .  На презумција на невиност се повика и пратеникот Трајанов,  а поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски повика ДИК и МВР да ги проверат ваквите наводи.

Слични содржини