Партиите попладнево повторно седнаа на заедничка маса со претседавачот со конститутивната седнца на новиот парламент Трајко Вељаноски.Координацијата е скриена од јавноста без присуство на медиумите.

Иако во текот на вчерашниот ден беше договорен соодносот на членовите на Комисијата за избор и именување, денеска новата замка или како што вели опозицијата е прашањето кој ќе биде претседател на Комисијата.

Состанокот кај Вељаноски се оддржува зад затворени врати и не  се дозволуваат да бидат снимени ниту инсерти од средбата.

Вчера партиите се согласија ВМРО-ДПМНЕ да има најмногу членови на Комисијата, односно 6, СДСМ има 5 членови, а ДУИ и БЕСА учествуваат со по еден член.

Од партиите не можеа да прецизираат колку време ќе трае координацијата и дали во текот на денешниот ден ќе има конкретно решение за позицијата претседател на Комисијата за избор и именување. Во моментов е дадена пауза за комисјата и повторно старт околу 15 часот.

 

Слични содржини