Трајко Вељаноски, Љубиша Георгиевски и Саво Климовски го бојкотираа спикерот Џафери

од Vladimir Zorba

Собранискиот спикер Талат Џафери воспостави нова пракса на почетокот на својот мандат и ги повикал на средба поранешните претседатели на Парламентот, на која вчера се одзвале само Стојан Андов, Тито Петковски и Никола Поповски. Поканетите Љубиша Геогриевски, Саво Климовски и Трајко Вељаноски не се појавиле на средбата.

Климовски, кој беше претседател на Собранието во период од 1998 до 2000 година, за Фактор потврдил дека уште во петокот ја добил поканата, но рекол дека ги информирал службите во Собрание дека има неодложни обврски поради кои не може да присуствува.

Љубиша Георгиевски, пак, кој беше собраниски спикер од 2006 до 2008 година, на прашањето, зошто не отишол на средбата, само кусо одговорил: „Така сакав“.

На средбата во Собранието, која траела час и половина, поранешните претседатели со новоизбраниот собраниски спикер размениле исукуства за функционирањето на Собранието и разговарале за работењето на оваа институција.

Слични содржини