Координативната средба за закажување на продолжението на Конститутивната седница на  Собранието на Македонија, согласно консултациите со претставници на парламентарните партии, треба да се одржи утре.

На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на  Македонија,за избор ан претседател на Собранието на РМ од новото парламентарно мнозинство на парлемантраците кои ги верификуваа мандатите.

Иванов како Груевски за „Magyar Hírlap“: Можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори

За очекување е дека претседавачот Вељановски ќе ја влече седницата, со оглед на тоа што ставот на неговата партија ВМРО ДПМНЕ е дека конституирањето на парламентот не е потребно, исто и доделување на мандат од претседателот Иванов, туку нови предвремени избори за излез од кризата,или само  малцинска влада со  нивна поддршка без Албанци која пак би требало з а кртко време да организира предвремени и локални избори заедно.

Утре во Македонија ќе допатуваат и еврокомасарот Јоханес Хан тројката   европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн.

Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ

Слични содржини