Трамп, ама гледам само политички лов на вештерки во САД

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп ги демантираше последните пораки од американски медиуми дека началниците на разузнавачките служби на САД го запознале со присуство на компромати за него во Русија.

“Лажни вести – тотален политички лов на вештерки”, напиша тој на “Твитер”. При тоа тоа го напиша само со големи букви, коментирајќи ја информацјата на  СНН кои  се повикуваат на информациите добиени од американски службеници.

Изворите  се сконцентрирани на  резиме од две страници, и во прилог на извештајот за хакерските напади, , за што одговорноста Вашингтон  ја припишува на Москва. Во основата на резимето е извештај на поранешен функционер на британското разузнавање МИ6, чии претходни истраги се определуваат од американските служби како доверливи.

Според CNN, за време на брифингот на раководителите на американското разузнавање пред новоизбраниот претседател му било прикажано дека Москва има собрано компромитирачки информации за членовите на двете најголеми политички партии во САД, но намерно  ги направиле достапни за јавноста само податоците за кандидатката на демократите Хилари Клинтон. Според изворот на телевизијата уште еднаш се обидоа да му покажат на Трамп дека човек од неговото опкружување бил во контакт со Кремљ како посредник за време на предизборната кампања.

Во овој контекст се споменува тајна средба во Прага со учество на еден од адвокатите на Трамп Мајкл Коен. Самиот Коен исто ги отфрли ваквите тврдења. Во петокот лидерите на американските разузнавачки служби направија во Њујорк посебен брифинг за Трамп. Тој беше посветен на хакерските напади против политичките институции во САД, вклучувајќи против Националниот комитет на Демократската партија. За хакерските напади администрацијата на САД ја обвинува Русија, но не се наведуваат откриени докази. Во меѓувреме Москва на највисоко ниво отфрли какви боло  инсинуации обвинувањата за обид за мешање во политичкиот процес во САД.

По брифингот Трамп изјави дека нема докази за влијанието на хакерските напади врз резултатите од изборите. Тој смета дека хакери украле информации од системите на Демократската партија поради навредлив однос на вработените кон безбедноста, и толку / ТАСС, АФП,

Слични содржини