Трамп до Тилерсон: Губење време е преговарањето со Пјонгјанг

од Vladimir Zorba

  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека побарал од државниот секретар Рекс Тилерсон да не губи време за преговори со Северна Кореја.

– Му реков на Тилерсон, дека се губење време се напорите за преговарање со ‘малиот човек-ракета’(Rocketman), напиша Трамп на Твитер само еден ден откако Тилерсон објави дека САД директно комуницирале со Северена Кореја за нуклеарната и ракетна програма, но Пјонгјанг не покажал интерес за дијалог.

– Сочувај ја силата Рекс, ќе направиме тоа што треба да го направиме! наведува Трамп во пораката.

На 9 септември, во говорот пред Генералното собрание на ОН, Трамп се закани со целосно уништување на Северна Кореја. Неколку дена подоцна министер за надворешни работи на азиската држава ри Јонг Хо го нарече американскиот претседател “ментално нестабилна личност која страда од манија за величие”, и изјави дека тој ќе изврши ракетен напад против САД на таа „објава на војна “ од Трамп. / ТАСС

Слични содржини