Трамп го информирал Абас дека ќе ја преместува американската амбасада во Ерусалим

од desk4

Доналд Трамп, претседателот на САД во телефонски разговор го известил палестинскиот претседател Махмуд Абас за неговите намери да ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Претседателтот на Палестина предупредил дека таквата одлука ќе има опасни последици за мировниот процес, за безбедноста и стабилноста на регионот.

Од палестинското претседателство не соопштија дали Трамп му кажал на Абас кога ќе биде преместена амбасадата. Според медиумите, Трамп денес ќе има телефонски разговор и со лидерите на Израел и Јордан за прашањето за преместувањето на амбасдата, како и за намерата да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Израел го освои источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектираше. Тој потег никогаш не го призна меѓународната заедница. Палестинците имаат намера во тој дел од Ерусалим, да прогласат главен град на независна Палестина.

Слични содржини