Трамп има нова директорка за комуникации, поранешен модел

од desk2

Новата директорка за комуникација во Белата куќа која на таа позиција ќе го замени неславниот Ентони Скарамучи е 28-годишната Хоуп Хилкс.


Таа е поранешен модел и ќе го замени Скарамучи на функцијата во администрацијата на Доналд Трамп на која тој беше едвај десет дена.

Хилкс нема искуство во политиката, но со семејството на трамп е поврзана најмалку пет години.

BBC наведува дека таа се потрудила да стане еден од најблиските соработници на Трамп, а воедно и една од најплатените со годишна плата од 180.000 долари.

Се вели дека до Трамп успеала да дојде преку неговата ќерка Иванка Трамп.

Хоуп Хилкс кариерата ја започна во односи со јавност, а фримата на Иванка Трамп беше една од нејзините клиенти. Како дел од работата, беше и модел за некои колекции на ќерката на Трамп.

Набрзо ја забележа трамп, а тој лично во 2014 година ја одбра да биде PR во неговата фирма за недвижности.

Минатата година за магазинот GQ Трамп рече дека Хоуп е неверојатна.

Во политиката влезе во 2015 година кога со Доналд трамп отиде на патување, кое подоцна се испостави дека е прво во трката за претседател.

Помогна во водењето на неговиот Твитер профил, а кога капмањата стана сериозна, Трамп лично ја замолил да остане за време на неговата политичка кампања, што таа прифати, пишува BBC.

Хоуп ретко дава интервјуа, иако често е тука кога Трамп одговара пред новинари.

Во текстот на BBC се наведува дека кога почнала да работи во компанијата го избришала својот твитер налог, а Instagram профилот и е заклучен.

Многумина велат дека токму таа е соработник на Трамп кој најдолго работи со него.

Нејзиниот начин на работа не е да се обиде нешто да промени кај Трамп туку да му овозможи да го направи тоа што сака.

“Politiko” пишува дека Хоуп е еден од инсајдерите во семејството на Трамп, и дека често вечера со Иванка и нејзиниот сопруг Џерад Кушнер.

Исто така, беше една од оние кои заедно со Трамп и неговото семејство се состана со папата во Ватикан во мај.

Слични содржини