Доналд Трамп изјави дека има добри односи со Путин, откако остана единствениот кандидат претседател на Републиканската партија.

трамп Американскиот милијардер Доналд Трамп смета дека има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин. Ова бизнисменот го изјави во интервју за телевизијата CNN. “Мислам дека имам добри односи со него. Засега ние имавме не така лош почеток, јас може и да нагаѓам , но брзо ќе дознаам “, посочи тој. На прашањето дали имал можност да се сретне и да разговара со рускиот претседател, Трамп одговори: “Не сакам да зборувам за тоа”. Во врска со инцидентите над Балтикот, каде руски борбени авиони вршеа опасни маневри крај американски воени авиони и воени бродови, Трамп изјави: “Јас требаше да му  се јавам на Путин и да му кажам да не прави повеќе така”. “Тоа е во голема мера непочитување кон нашите војници, кон нашата држава, кон нашиот претседател”, додаде милијардерот. Тој изрази уверување дека ако стане претседател, Москва ќе се однесува на друг начин кон Вашингтон.

САД “не можат да бидат полицаецот на целиот свет”, а  земјите кои уживаат заштита од Вашингтон, треба да плаќаат, изјави Доналд Трамп .. Во одговор на прашањето дали ќе ја  поддржи Јужна Кореја и Јапонија да создадат сопствени нуклеарни арсенали, Трамп истакна дека САД “обезбедуваат заштита на многу земји, но не добиваат соодветна компензација за тоа”. “Ние не може да продолжиме да играме улогата на полицаецот на целиот свет. Ние го одржуваме редот во светот и ни велат, ох, тоа е одлично, но овие земји треба да го платат тоа . Ние трошиме многу повеќе (средства) од овие држави “.

За влијанито  на интеракцијата со муслиманските земји против тероризмот, кандидатот изјави: “Тие треба да  се спасуваат  себе си , а ние може да им помогне. . Во исто време Доналд Трамп не исклучи да испрати американски војници во борбата против терористичките групи. “За тоа се потребни копнени сили”, рече тој.

Доналд Трамп останува единствениот кандидат претседател на Републиканската партија, откако двата последни денови од трката за номинација се откажаа двајцата негови конкуренти Тед Круз и Џон Кеисик. / ТАСС

Слични содржини