Трамп: Истрагата на Милер за руското мешање е неоснована

од desk2

Претседателот на САД Доналд Трамп, ја доведе во прашање непристрасната истрага на специјалниот обвинител Роберт Милер за наводното мешање на Русија во изборите во САД.

Како што вели Трамп, Милер направил неоснована истрага.

Председателот на САД денеска остро го критикуваше Милер, чиј тим е задолжен за истрагата за наводното руско мешање во американските претседателски избори, потоа поранешниот заменик-директор на Федералното истражно биро ФБИ Ендру Мекејб, кој е отпуштен два дена пред заминување во пензија, како и поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, пренесе АП.

Трамп најпрво на Твитер напиша дека „Милеровата истрага никогаш не требало да почне“, а потоа наутро продолжи со таа тема наведувајќи дека во „Милеровиот тим“ има многу од „тврдокорните демократи“, дека меѓу нив се и приврзаниците „ на нечесната (поранешна демократска претседателска кандидатка) Хилари Клинтон“, а дека нема републиканци.

Агенцијата наведува дека вистина е дека некои истражители во тимот на милер дале придонес на демократските кандидати, вклучително и Хилари Клинтон, но и дека според прописите забранета е дискриминација при вработување на основа на политичка припадност, и додава дека самиот Милер е републиканец.

Претходно американскиот министер за правда Џеф Сешонс, соопшти дека му дал отказ на поранешниот заменик на ФБИ Ендру Мекејб, два дена пред неговото заминување во пензија.

Трамп често го критикуваше Мекејб дека е пристрасен бидејќи неговата сопруга се кандидирала за парламентот во Вирџинија, со поддршка на фондот кој го водел соработникот на Хилари Клинтон.

Мекејб повеќе од 20 години работеше во ФБИ и имаше клучна улога во поединечни неодамнешни истраги.

Слични содржини