Трамп: Карлос Слим се обидува да и помогне на Хилари да победи

од Vladimir Zorba

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини мексиканскиот милијардер Карлос Слим дека се обидува да и помогне на неговата ривалка Хилари Клинтон.

donald-tramp

Како што рече Трамп, Слим се обидува да и помогне на Хилари преку неговите врски со весникот „Њујорк тајмс“.

Трамп вели дека Слим, мнозинскиот акционер во „Њујорк тајмс“ помага во обидите на тој весник да и помогнат на Клинтон да ги освои изборите. Њујоршкиот весник објави приказни на две жени кои го обвинуваат Трамп за сексуално вознемирување.

– Тие не се новинари, тие се корпоративни лобисти на Карлос Слим и странски корпорации – рече Трамп за репортерите на „Њујорк тајмс“.

На предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп повтори дека многубројните жени кои го обвинуваат за сексуално вознемирување ги измислуваат таквите приказни./Мета

Слични содржини