Ексцентричен Доналд Трамп е убеден дека Кина ја  силува Америка со својата трговска политика.

трампоКандидатот за претседателската трка од Републиканската партија Доналд Трамп не пропушта можност да фрли обвиненија против политиката на претседателот демократ Барак Обама. Овојпат ексцентричниот милијардер ја обвини Кина дека ја  “силува ” САД преку својата трговска политика, пишува британското издание “Индипендент”. Пред своите поддржувачи во Индијана тој рече дека Кина е одговорна за “најголемата кражба во историјата на светот”. Според Трамп манипулација на кинеската валута направило извозот на земјата  да поевтини, со што бил нанесен удар врз американските работници и бизнис. “Не можеме да продолжиме да и  дозволиме на Кина да ја  силува нашата држава”, рече тој во својот говор во неделата. Тој додаде дека не е лут на Кина, туку  на американските лидери кои по неговите зборови се “застрашувачки некомпетентни”. Дел од предизборните ветувања на Трамп вклучуваат и постигнување на “подобри” трговски односи со Кина, кои треба да помогнат за “конкурентноста на американскиот бизнис и работници”.

Минатата недела САД ја  стави Кина во листа со финансиски актери кои треба да бидат следени заради бизниси и менаџирања со валути. Одлуката уследи по притисок врз владата на Вашингтон за повеќе контрола во борбата против манипулација на валути од неговите трговски партнери. Никој од трговските партнери на САД не учествувале во местење на валути во последната година, и е даден сигнал за загриженост во врска со некои од нив, вклучувајќи  ја и Кина.

Трамп ја користи нестандартната  споредба со силување додека е предмет на сериозни критики поради свои коментари за противникот од Демократската партија Хилари Клинтон, кои според многумина се сексистички, и заради поддршката за боксер Мајк Тајсон, кој е осуден за силување во Индијана.

Слични содржини