Трамп: Можно е САД да се вратат на Парискиот климатски договор

од Vladimir Zorba

  Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави  дека неговата основна забелешка за Парискиот климатски договор е што со него неправдено се третираат САД.

Тој нагласи дека ако биде постигнат подобар договор, Вашингтон може да биде убеден повторно да се приклучи на тој договор.

– Договорот е многу нефер кон САД, изјави Трамп на прес-конференцијата со норвешката премиерка Ерна Солберг. Тој вели дека нема проблем за договор со клима, но дека Парискикот договор „е лош договор“, коменирајќи дека тоа е уште еден во низата лоши договори кои ги склучил Барак Обама.

Објаснувајќи ја својата одлука во јуни минатата година, Трамп рече дека спроведувањето на договорот ќе ги чинел САД трилиони долари и стотици илјади загубени индустриски работни места, со масивни намалувања на производството на хартија, цемент, железо и челик, јаглен и природен гас.

Договорен во 2015 година, Парискиот договор потпишан од речиси 200 држави во 2016 година, се смета за голем успех од неговиот претходник, Барак Обама. Негова цел е драстично да го намали јаглерод диоксидот и другите гасови од потрошувачката на фосилни горива, со цел да се забави глобалното затоплување. САД се заложија до 2025 година да ги намалат емисиите до 28 проценти од нивоата од 2005 година. Кина во моментов е најголем емитувач на јаглерод во светот, а САД се веднаш зад неа.

Слични содржини