Трамп најави нов указ за миграцијата

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека следната недела ќе објави нов указ поврзан со миграцијата.

– Се подготвуваме следната недела да објавиме нов указ, кој целосно ќе ја заштити нашата земја, порача Трамп на прес-конференција во Вашингтон.

На 27 јануари Трамп објави указ со кој се забрануваше влез во САД на државјаните на седум претежно муслимански земји, но оваа уредба беше поништена со судска одлука.

Слични содржини